300.000 денари за победниците на турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Во преполниот спортски центар „Ново Лисиче“ на 12 јуни се одржа финалниот натпревар на седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ меѓу екипите на Маг логистик – Компанија Атанасовски.

Во рамките на настанот, градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, им додели награди на победничките екипи, информираат од Општината.


„На финалниот натпревар со резултат од 3:0 првото место и награда од 160.000 денари на турнирот го освои Компанија Атанасовски, а второто место и награда од 80.000 денари ѝ припадна на екипата на Маг логистик. Третото место, пак, и награда од 40.000 денари освои екипата на ТК Лока ферплеј во полуфиналниот натпревар против екипата на Фенербахче Кичево со резултат 3:2“, стои во соопштението од Општината.

Финалистите добиле пехари, медали, пригодни награди и признанија. Награди биле доделени и за најдобар стрелец на турнирот – Игор Стојковски, најдобар голман – Едо Пелевиќ, како и најдобар играч – Далибор Јовановски.

„На турнирот во мал фудбал ‘Скопје 2018’ учествуваа 32 екипи. Турнирот траеше еден месец и го организира здружението КБС 2012 под покровителство на Општина Аеродром, која го обезбеди наградниот фонд за победниците“, потенцираат од Општината.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари