logo
logo
logo

Ова го нема ни во теленовела

3 месеци по разводот СЛАВНИОТ ФУДБАЛЕР се ожени со внуката на бившата сопруга

Vecer | 20.09.2021

3 месеци по разводот СЛАВНИОТ ФУДБАЛЕР се ожени со внуката на бившата сопруга

Познатиот бразилски фудбалер Хулк (34) се пофалил дека ќе стане татко. Неговата сопруга Камила Анхело (32) е трудна, па поранешниот репрезентативец на Бразил ќе стане татко по четврти пат.

„Со срце полно со благодарност кон Бога, можам со вас да споделам дека по четврти пат сум благословен со дете. Моето срце е преплавено со огромна среќа и можам само да му се заблагодарам на Бога. Веќе се радуваме што ќе добиеме дете и го сакаме безусловно. Бебе, дојди ни здраво и право“, напишал Хулк на Инстаграм.

Камила ќе стане мајка прв пат, а Хулк веќе има три деца со поранешната сопруга Иран Анело која и е родена тетка на новата избраничка на фудбалерот.

Хулк пред две години се развел од Иран после 12 години заеднички живот, а по само 3 месеци се оженил со внука и Камила.

 

Иран ја обожавала Камила, била многу врзана за неа. И го плаќала шолувањето, и отворила продавница и ја сакала како родено дете, но оваа на тетка си и забила нож во грб. Кога Иран дознала дека сопругот е во врска со Камила, полудела. Јавно зборувала дека се предавници и дека внуката и задала болен удар.

„Се и дадов на таа девојка откако дојде на свет. Толку пати сум ги жртвувала сопствените соништа, за да се остварат нејзините. Овде не зборувам само за материјални добра, затоа што лесно е да се дадат кога имате пари, туку за љубов, наклонетост, внимание, почит... За се“, рекла Иран пред околу една година.

После бројните обвинувања и Хулк решил јавно да продговори, па го изнел својот дел од приказната.

„Не бев во врска со Камила додека бев во бра. Јас сум маж. И не бев во среќен брак. Ме изневери. Живееше живот на девојка. Само сакаше да има статус „сопруга на Хулк“. Кога ја запознав имав 21 година, а денес имам 34“, рекол Хулк.

 

Открил дека со Камила се почнало кога го посетила во Кина.

„Камила дојде во Кина. Не мислам дека сум лоша личност. Камила е млада и исклучително убава. На крајот емотивно се споивме. Двајцата бевме слободни. Се вративме од Кина и на сите им кажавме дека сме заедно. Се објавивме и јавно преку медиумите. Совеста ми е мирна. Ако сакате и понатаму да ме критикувате и да се однесувате кон мене како кон чудовиште, изборот е ваш. Но вистината е на врвот“, рекол фудбалерот.

А открил и дека со Иран се оженил само затоа што забременила.

„Мојот брак не се случи од љубов, од страст. Се случно затоа што случајно Иран забремени. И јас ја презедов одговорноста. Пред тоа излегувавме еден месец. Од првиот момент ја поддржував и неа и целото нејзино семејство. Тоа го знае целата држава. Нашите деца Иан, Тијаго и Алис се божји благослов“, рекол Хулк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk