Еден од најтрофејните фудбалски клубови во Австрија, Австрија Виена, не доби лиценца за натпреварување за следната сезона, објави австриската Бундеслига.

Раководството на клубот, кој 24 пати беше австриски шампион и е 27-кратен освојувач на Националниот куп, сега има осум дена да се жали. Доколку виенскиот клуб остане без лиценца во втор степен, ќе има шанса за жалба до Арбитражниот суд, кој не е орган на Бундеслигата и наместо во судот ќе донесе конечна одлука.

„Важно е дека, и покрај пандемијата, ние ќе го извршиме процесот на лиценцирање според вообичаената постапка и во духот на редовната конкуренција. Дури и во ова предизвикувачко време, најголем приоритет ни е првенството да се решава на теренот“, изјави претседателот на Бундеслигата, Кристијан Ебенбауер.

Австрија се бори со големи финансиски проблеми. Најновиот годишен извештај покажа обврски од 78 милиони евра. Само во сезоната 2019/20. клубот направи загуба од 18,8 милиони евра.

 

sportmedia.mk