logo
logo
logo

2011-2021: Вардар – Шкендија 6:4, во титули!

Vecer | 03.05.2021

2011-2021: Вардар – Шкендија 6:4, во титули!

Оваа сезона 2020/2021 минува во доминација на Шкендија,заслужено е првак, и заслужено дојде до својата четврта титула во клупската историја. Вардар пак по се изгледа ќе испадне од елитата, барем така стојат работите во пресрет на двете последни кола.

Кога станува збор за последните 11 години во ПМФЛ, од 2011 до 2021, токму овие две екипи просто господарат во мак – фудбалот. Од можни 11 титули освоија 10, само Работнички се вмеша со шампионски пехар, во таа 2014.

Вардар во оваа деценија беше прв шестпати, додека Шкендија освои четири шампионски пехари. Дури сега се гледа што Шкендија што пропушти минатата сезона, иако имаше убедливо најдобар тим, кога Вардар ја искористи ситуацијата и беше прв. Не само што резултатот ќе беше 5:5 во титули, туку Шкендија за првпат во историјата на ПМФЛ во самостојна Македонија ќе беше првак четири сезони по ред. Остварување кој никој клуб го нема досега остварено.

КОЈ БИЛ ПРВАК ВО ПОСЛЕДНИТЕ 11 ГОДИНИ

2011: ШКЕНДИЈА

2012: ВАРДАР

2013: ВАРДАР

2014: РАБОТНИЧКИ

2015: ВАРДАР

2016: ВАРДАР

2017: ВАРДАР

2018: ШКЕНДИЈА

2019: ШКЕНДИЈА

2020: ВАРДАР

2021: ШКЕНДИЈА

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk