logo
logo
logo

15-годишниот Амеј стана најмладиот фудбалер кој заиграл во Серија А

Vecer | 13.05.2021

15-годишниот Амеј стана најмладиот фудбалер кој заиграл во Серија А

На вчерашниот натпревар од 36. коло во Серија А меѓу Болоња и Џенова, кој заврши со победа на гостите од 2:0, во составот на домашните на минута пред крајот на мечот дебитираше најмладиот фудбалер во историјата на италијанското калчо.

Во 89-та минута, Италијанецот Виздом Амеј влезде на местото на Роберто Соријано со што и официјално стана најмладиот фудбалер кој добил шанса на меч од Серија А. Амеј дебитираше за Болоња со 15 години и 274 дена.

Според италијанските медиуми, со ова Ејми го урна рекордот на Амедео Амадеи (Рома, 1937) и Пјетро Пелегри (Џенова, 2016) кои беа повозрасни за само шест дена од него кога заиграа во италијанската елита.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk