ФАНТАСТИЧНО, БЛЕСКАВО. Горан Пандев или “Гранде Мачедоне“ е ВЕЛЕМАЈСТОР на фудбалската игра. Вечерва нашиот Горан влезе меѓу легендите. Ја чекавме таа “стотка“ и еве вечерва таа дојде. На мечот Џенова – Беневенто на Горан доста му беа само десет минути, во 11. И 21. да даде два гола и со тоа да стигне до 100 голови во Серија А.

Уф, какво постигнување, легендарно постигнување за Македонецот, за нашиот најдобар фудбалер во историјата. Зарем сега има некој нешто да каже, да според кој е нај, нај во фудбалска Македонија, зарем и натаму ќе има такви.

На прагот на својот 38 роденден Пандев е фантастичен. Еден од твориците на епскиот успех во Дуизбург и победата над Германија, стрелецот на решавачкиот гол за пласман ан ЕУРО. Најмногу настапи во репрезентацијата, најмногу голови за Македонија.

И сега како шлаг на тортата, 100 голови во Серија А. Во една од најсилните лиги во светот. Одамна беше тоа кога како дете замина од својата Струмица во Италија, во Интер, во Милано. Никој не очекуваше, па веројатно ни тој, дека по 20 години еве ќе влезе во легендите, неговото име за навек со пиетет ќе се говори кога ќе се дискутира за Серија А.

Иван Тричковски на Кипар како странец има 120 голови, резултат за респект, но сепак, нели, Серија А е  нешто посебно.

И да повториме…како беше она…ГОООООРААААН ПААААНДЕЕЕЕВ…

По стоти пат во Серија А.

МАКЕДОНЧИШТЕ….

 

sportmedia.mk