logo
logo
logo

1/8 финале куп: Вардар 1961 лесно преку Текстилец во четвртфиналето (47-11)

Vecer | 22.02.2021

1/8 финале куп: Вардар 1961 лесно преку Текстилец во четвртфиналето (47-11)

Вардар 1961 вечерва во Скопје во меч од осминафиналето во Купот на Македонија успеа со 47-11 (22-5) да го победи тимот на Текстилец од Штип, и со тоа да избори пласман во следната, четвртфинална фаза во ова натреварување. Интересно е тоа што тројца вардарци, Томислав Јагуриновски, Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски постигнаа дури 37 голови од тие 47 колку што даде целата екипа на Вардар 1961.

Се разбира дека тренерот Стевче Алушовски на овој меч шанса им даде на помладите свои ракометари, но и на оние досега имаа помала минутажа со цел да ја провери нивната моментална форма.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk