Вечерва се одиграа и неколку натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Она што се олекуваше и се оствари. Фаворитите одиграа според планот и победија, со тоа се пласираа во следната фаза, односно во 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Да кажеме и за еден куриозитет, имено на мечот Бутел на гостувањето кај Кичево победи со 53-18, а гостинскиот ракометар Марко Божиновски постигна сам 21 гол, три повеќе од целиот противнички тим.

РЕЗУЛТАТИ

ПРИЛЕП – АЕРОДРОМ 31-23

Е. ПЕЛИСТЕР 2 – ЈЕХОНА 40-19

ЈУНИОР – ДРАЧЕВО 32-24

ШАМПИОН – ТИКВЕШ 23-34

ПРЕСПА – СТРУГА 16-32

ПРОЛЕТ – БОРЕЦ 38-19

КИЧЕВО – БУТЕЛ 18-53

РИНИА – РАБОТНИЧКИ 14-30

sportmedia.mk