Ѓорѓе Деспотовиќ е поранешен младински репрезентативец на Србија и екс-играч на Црвена Звезда, Астана, а сега е член на руски Рубин Казан. Тој даде интересен коментар во врска со Барселона по нејзиниот пораз од Гранада во Ла Лига со што си ја загрози позицијата за титулата.

„Ја гледав Барселона против Гранада. Оваа Барса воопшто нема напаѓачи. Не разбирам што ли гледаат нивните скаути низ Европа. Еве јас сум напаѓач, нека ми понудат договор. Нека ми дадат добра плата и доаѓам во Барса“, вели Деспотовиќ.


sportmedia.mk