ДЕЦЕНИЈАТА СО ТЕРОРИСТИЧКИТЕ ЕКСПЛОЗИИ

Со апсењето на Џејми Шеј, ставена точка на бомбите


Македонската полиција го фати Џејми Шеј дома, без колатерална штета, а со тоа се става точка на урбаниот бомбашки тероризам кој десетина години наназад сее страв и паника кај граѓаните

Изминаа два дена откога специјалните едници на МВР го уапсија Џемаил Исеини алиас командант Џејми Шеј. Тој беше уапсен во родната куќа во кумановското село Лојане, а сега е зад решетки, в затвор.
Џемаил Исеини побегна од "Идризово" минатиот петок, откако управата на затворот му дозволи да присуствува на погребот на мајка му.
Тој беше осуден на седум години затвор, а во неговото досие влегува стравотниот чин на поставувањето бомби на пругата Скопје-Белград, кај Ваксинце и монтирање на бомби во строгиот центарот на Куманово.
Во 2004 од Косово беше екстрадиран во Македонија, една година подоцна осуден. Со Рамадан Шити и Лирим Јакупи Нацист, тој е третиот осуден за тероризам.

Македонската полиција го фати Џејми Шеј дома, без колатерална штета врз околината, а со тоа се стави точка на урбаниот тероризам кој десетина години наназад сее страв и паника кај граѓаните.
Урбаниот тероризам е присутен во Македонија најмалку десетина години пред осамостојувањето од Југславија, и десетина години по осамостојувањето, а во вториот период тој активно се практикуваше.
Првите терористички напади во земјава беа извршени во 1997 година, а истата група што ги направи изведе и серија напади во текот на 1998 година. Тоа беа "кичевски бомбаши". Овие терористи поставуваа бомби пред полициски станици и судови во неколку градови низ земјава.
Групата беше составена од седум Албанци, и тие беа приведени некаде во средината на септември 1998 годин. Прв пат во независна Македонија тогаш започна судски процес, за тероризам.

Кичевските бомбаши, по куса постапка беа осудени на затворски казни кои се движеа од две до шест години. За жал, сите до еден беа ослободени од обвиненијата со донесувањето на Законот за амнестија.
Недокажан организатор на групата кичевски бомбашии, беше Фазли Фелиу, сегашен висок функционер на опозиционата ДУИ и вујко на Али Ахмети, лидерот на партијата.

Отогаш па наваму, пред и по воениот конфликт во 2001 година, терористичките бомби започнаа да земаат замав.
Во срединана на јануари или поточно на 22-ри во 2001 беше разнесена полициската станица во тетовско Теарце. Во експлозијата загина еден полицаец, а тројца негови колеги беа ранети.

Овој напад беше раководен по дирекција на Семи Хабиби, истиот оној кој половина година подоцна во Берлин, Германија беше упасен од тамошната полиција и екстрадиран во Македонија. Како и предходните, и тој е ослободен од истиот Законот за амнестија.
При крајот на наредната година, на 25 декември 2002 експлодира бомба пред кумановската гимназија "Гоце Делчев". Загина едно лице. Потоана 17 март 2003 година беше разнесена пругата на меѓународната делница кај Табановце, во делот меѓу кумановските села Речица и Ваксинце. Дело на Џејми Шеј. Истиот тој на 5 јуни годината постави бомба во центарот на Куманово.

Црниот биланс беше тројца ранети и огромна материјална штета.
Осумнаесет дена подоцна истиот месец во 2003 детонираат две бомби пред зградата на "Македонски телекомуникации" и пред трговскиот центар "Мавровка" во главниот град. За среќа нема мртви, единствено е полесно повредено едно лице.

Во 2005 година нападната и гранатирана е полициската станицаа во тетовско село Вратница. Истата година 2005 година на 15 јули ноќта околу 23,20 часот детонираше поставена тенковска мина во дворот на полициска станица Бит Пазар во Скопје.

Бомбата ја поставија и активираа Ферид Река и Фарук Хајрулаху. Една година подоцна, лани во јаунари 2006 година, двајцата беа осудени на вкупно 21 година затвор за тероризам. Првиот Ферид беше осуден на 11 години, а вториот на 10. Овој терористички чин беше организиран од Рамадан Шити.

Последниот бомбаш којшто е се уште во бегство,
по кои се трага во земјава, е обвинети за ранување на тројца полицајци во 2004 година, за убиство на таксист и за бомбашки напад врз полициската станица на Бит-пазар. Тој избега од косовскиот затвор на 18 август годинава.

Доколку продолжи стилот и ефикасноста на работата на македонската полиција, може слободно да очекуваме дека и последниот бомбаш ќе биде зад решетки во затвор. Таму каде што и заслужува да биде.

Александар СРБИНОВСКИ
Фото: Архива на Вечер

Најнови вести

Коментари