Црвеното светло е запалено, трепка на најјако. Ние сме држава во која се забрануваат книги! Европа ова го нема видено од времето на фирерот и сталинистите, и еве сега, кај нас. Ние и талибанците. Не само што учебниците се забранети, туку полиција ги гони сите што ги споделуваат. Толку од дилемите за тоталитаризам. Пред очи ти е.

Малата министерка, сите нејзини колеги и нејзинит шеф ќе бидат запамтени по многу зла нанесени на луѓе, фамилии, фирми, на нацијата и државата, а ова е капакот.

И се редат скандалите во низа. Секој ден нов. Се заборава ли пожарот во Тетово и гајтанот што го предизвикал, како што објасни Заев. Се заборави ли мастурбирањето врз интимата на извидниците, спонзорирано од Петре Шилегов. Се заборава ли дека за дивоградбата во Мавровка, од човек на ДУИ, со одлука на суд сторителот ќе плати казна од 50 евра, а уривањето ја кошта државата 100.000 евра. Се заборава ли дивоградбата на Шилегов. Се заборава ли дека за време на мандат Шеќеринска, Шилегов, Мила Цароска изградија куќи од нивната високо чиновничка плата. Се заборава ли дипломатскиот пасош на Предраг Колувија, бизнис партнер на Заеви во марихуана бизнисот. Се заборава ли американската и европска порака за корумпирана држава и за политички судски процеси…

И сето ова за последниов месец дена. Затоа нема, и нема ни да има, Европа за нас.

Кој заборавил, кај и да е, кога и да е, нешто од ова ќе осети на свој грб. Тоталитаризмот метастазира. Ние сме држава во која од 100 обвинети 98,3 се осудени. Спасените 1,7% се по правило од ДУИ, и по некој исклучок. И по ова сме талибанци, нема други такви. Наскоро се очекува енергетска криза и скок на цените на храната, цела Европа и САД се на нозе, а Заев вели дека нема проблем со тоа. Кој му верува, уште зимава ќе се покае.

Брзо забораваме, а пред избори сме. Кој градоначалник досега немал резултати во втор мандат, за кој знае дека би му бил последен, освен за тендер за друго не ни мисли. А ги видовме сегашниве градоначалници: студена роса го зароси пар дена Скопје, градот е под вода. Улиците само со чизми до колена можеш да ги поминеш што дава заклучок дека Шилегов има таен проект, Скопје да го направи пловен град. Со реки, потоци, со сФе.

Па, после се, кој би гласал за Петре Шилегов? Хммм, ја знам бар еден таков. Перо Камиказе, кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, верувам при здрава свест, изјави дека он би гласал за Шилегов. Он се кандидира, ама би гласал за Шилегов. Па после, ела убеди ме дека Левица не е привезок на СДСМ, создадена и товена за да ја разбива опозицијата. Перо Камиказе само ми потврди.

Кога главниот кандидат на Левица си кажува дека би гласал за СДСМ, замислете ги советниците по општини од Левица накај би тргнале. Прво, пошто и од нив ќе зависи некоја одлука, здраво ќе изрекетираат за да дигнат рака, а после пут путује мој јаран (Апасиев), путујем и ја, право на Бихаќка. Дома кај своите. По заслужена наплата.

Можда баш затоа Левица и нема свои кандидати за советници во Струмица. Мислам блам би било да наплаќаат рекет од газдата за кој работат. Директно на Манулаќ му брцаат во тендерите, а Фамилијата е посебно осетлива кога друг рекетира. Еве, Боки 13 на пример.

За атер на Левица СДСМ крена раце од Аеродром. Да им отвори простор за леви гласови. Заради што друго СДСМ би исфрлил онаков кандидат за градоначалник на Аеродром? Цанде, со ретко видена природна глупоќа и ориентален шмек. Печен е за бојкот. И, ете шанса за втората постава, за Левица, да ќари нешто за својата апстиненција во Струмица.

Мада, Цанде си ја има заработено кандидатурата за Аеродром. Момакот со ориентален шмек има едно 15 милиони евра добиено низ тендери од оваа власт, а после здраво се делело, да има и за него а и за поддршка при кандидатура за градоначалник. Само во април годинава Цанде добил три милиони евра за чистење снег, а снег немаше, па исплатата може да се рачуна како чист ќар за Цанде, и друштво на чело со Шилегов.

Цанде има план да стане градоначалник на Аеродром па да не мора више никого да моли, и со никого да дели, да си ги доделува тендерите сам на себе. Чиста работа.

Александар Филиповски Цанде е, иначе, син на Благоја Филиповски. Внук на минстерот за здравство Илија Филиповски. Кадри на СДСМ кои ги уфрлаа кај Социјалистите во времето на Киро Поповски, се додека Ѕинго не стана шеф и ’96. ги разбрка, одбивајќи да биде сателит на СДСМ. Одбивајќи да биде тоа што е денес Апасиев, втора постава на шефот од Бихаќка која глуми опозиција. Имаше такви неколку, освен Филиповциве, тука е и Хари Костов, Пашана од Охрид, гувернерот Љубе Трпески… “Спијачи“ кои се во блага опозиција, но се будат секогаш на повик, за потреби на СДСМ.

СДСМ нема нови кадри, 30 кандидати за градоначалници им се сегашните кои се тапа. Тие функционираат како феудална организација, функциите им се наследни. Во првата власт во Македонија влегоа децата на тврдите комунисти: Јане Миљовски, Денко Малески, Илинка Митрева, Фрчкоски по родбинска линија со Ксенте Богоев… Еве, денеска, кандидати за градоначалници се синот на Благоја Филиповски во Аеродром, синот на Зоре Темелковски во Кисела Вода; Горан Герасимовски како син на директорот од Завод за статистика Дончо Герасимовски е кандидат за градоначалник во Центар, и директорот што го урниса Жито Лукс во транзицијата има син за кандидат во Бутел…

Не е само Цанде тендераш меѓу кандидатите на СДСМ. Горан Герасимовски е од партиската агенција за маркетинг и божемно мерење рејтинзи – Рејтинг, онаа од синот на Ѓорѓи Спасов, министерот од СДСМ. Случајно, или не, таа партиска агенција Рејтинг добила тендери за анкети со исплатени 326.295 евра. И не се само тие исплати, ова е само за анкетите до 2020-та, а каде се кампањите кои оделе преку нив?

Среќа што Чомбе, Жути, Сале пичка … од “економскиот совет“ на СДСМ се помлади, па немаат возрасни деца за градоначалници, а Чифлиганец веќе е позициониран како сват.

Според СДСМ поранешната влада трошела за споменици (ги има секој град, кои останаа, и наши се), а тие трошеле за граѓаните. Граѓаните се: фамилијата на Сашо Ордановски 350.000 евра за братот и уште толку за Сашо. За партиските аналитичари 850.000 евра. Агенција за филм за Борјан Јовановски и компанија 250.000 евра. ЛГБТ заедницата над 3 милиони евра. Фризерница за едукација, 270.000 евра. Тренинг на магариња 83.000 евра. Советничката од естрадата Цветанка Ласкова 250.000 евра. Жената на партискиот новинар Горан Михајловски, 250.000 евра… И така до некои 12 милиони евра од државен буџет и од Фонд за иновации. Овие пари не останаа, и не се наши. Булеравите на Коце се тука.

Како за инает, или карма е тоа, кога Вучиќ и еврошефицата Фон Дер Лајен го посетија Скопје ги пофалија градбите од Скопје 2014, од ВМРО, а не милионите кои СДСМ ги потроши за своите партиски новинари, аналитичари, шверцери, дилери и остала багра.

А кампањите на владата и на СДСМ, што е иста работа затоа што и двете се платени од државни пари, се бљак црн хумор и копии за кои “авторите“ наплаќаат небаре се нивно дело. СДСМ за извесен Сашо Велковски, кандидат за градоначалник во Свети Николе, објавиле флаер дека момакот ќе гради нов парк. И тоа каков, холандски. Имено, сликата за неговиот нов парк во Свети Николе е буквално украдена од интернет, од парк во Холандија. Фали само кломпи да почнат да носат низ Свети Николе, и ќе биде холандско.

Но, за СДСМ има и оригинална, спонтана кампања за избориве. Гледам на Твитер видео како еден мандрак со брада нацрта линија кокаин на постерот од кандидатот на СДСМ Ферат Асан во Шутка и здраво ја шмркна. За арно да е, како мајките на децата што им фрлаат вода по нив за прв ден у школо. Заокружи 12, за кокаин во секое семејство.

Шефот на скопските пожарникари е сликан како оди од врата до врата и дели кесиче со флаери и пенкалца од СДСМ по становите. Тоа е оној лик што сред големите пожари летоска на Фејсбук постираше слики од плажа, он гол со златен ланец околу вратот, мислиш дека е дописен член од академијата на Земунски клан.

На оваа кампања ДУИ не нуди веќе федерализација. Таа точка им е апсолвирана. Тие се зелена партија, пошто ортачки го држат “зелениот бизнис“ со марихуана. За ДУИ постојат македонски и албански градови во “нашата татковина“. Еве, Теута Арифи, од ДУИ, се пофали дека била прва жена градоначалник на албански град. Градот е Тетово, според мапата тој е во Македонија. Според дигиталните учебници од Мила Цароска можеби веќе е во Албанија. Затоа ги фрлаат вистинските учебници во Дрисла. Да нема трага.

Прво го исфрлија АСНОМ од Уставот. Го бришеа сонцето од Кутлеш со брусилици од уличните капаци. После Македонците ги прогласија за фашисти, исто колку и Бугарите во ’41, и “заборавија“ на качаците и Џемо Хаса, фашистот кој беше одработувач на Мусолини низ западна Македонија, а кому во село Сливница дури му е подигнат и споменик. Случајот со споменик на фашистичкиот соработник Џемо Хаса го истражуваше во 2018-та и норвешкиот амбасадор Сане Бјорнштад. Не биле само Бугарите, и качаците се во фашистите. Но, кога на едната страна е кеш и власт, се на другата страна губи и паѓа.

Затоа е тука Цанде да ја реши работата. Шилегов да гради “подземни катни гаражи“. Сугаре од Прилеп ќе прави европска метропола, а Филипче ќе лечи народ во пластични киосци. Човек да се откаже од телевизија, ријалити шоу има во живо.

Честит 11 октомври, денот кога во Македонија имаше луѓе што мислат со своја глава, и одбија да прифатат зло.

(Д.П. Латас, 11. 10. 2021)