Времево полуде, ВЕ УБИВА ГЛАВАТА.. овде е решението

Многу луѓе лошо реагираат на временските промени. Според одредени податоци, дури 40 проценти од луѓето пријавуваат замор, главоболка или несоница, кога времето нагло се менува.
Бидејќи се најавува ненадеен скок, а наскоро пад на температурата во месецот кога се очекува пролетта, можно е овие проблеми наскоро да мачат многумина.
Сепак, здравата исхрана и вежбањето можат да го олеснат овој период.
Диета
Диетата може значително да влијае на расположението, но и на нервните црева.
Доколку сте чувствителни, препорачливо е да консумирате свежо овошје и зеленчук. Водата позитивно влијае и на нашето тело, бидејќи придонесува за хидратација, што е исклучително важна за организмот. Покрај тоа што нè хидрира, ја регулира телесната температура и ја доведува до оптимална.
Покрај тоа, чаевите се одлични за смирување на нервниот систем и опуштање на телото и мускулите.
Активност и престој во природа
Секоја форма на фитичка активност за половина час на ден ќе го направи организмот постабилен и отпорен на временските промени.
Би било идеално ако го сторите тоа во природа на свеж воздух.
Не е важно дали сте решиле да одите брзо или некоја друга форма на вежбање, активностите во природа ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да се чувствувате подобро, а исто така може да ги намалат шансите да имате главоболка.
Добар сон
Здравиот сон од осум часа е многу важен за нашето тело.
За време на спиењето се лачат супстанции кои го намалуваат нивото на стрес хормони, го регулираат крвниот притисок и ги зајакнуваат сите одбранбени механизми. Важно е да одите во кревет пред полноќ и да спиете осум часа.
Ако страдате од несоница, обидете се да го решите проблемот со вежби за дишење, кои се дефинитивно поздрави од лекови.