logo
logo
logo

УЖАС! Задавил две ученички, го пуштија од затвор по 33 години, а сега се шета покрај училишта!

Vecer | 08.09.2021

УЖАС! Задавил две ученички, го пуштија од затвор по 33 години, а сега се шета покрај училишта!

Се потресов! Зошто му дозволија да оди во близина на училиштата?! Се надевав дека ќе умре во затвор, а тој е надвор. Како тогаш системот не штити? Тој е предатор и се сомневам дека тоа се променило.

Ова се зборовите на огорчената Британка Ребека Иствуд, чија сестра Линда беше убиена во 1983 година од Колин Пичфорк (61).

Ја задавил и силувал. Три години подоцна, тој силувал и убил друга ученичка, Даун Ешворт. И сега тој е на условна слобода откако му беше укината доживотната казна.

„Го пуштија убиецот и силувачот на деца слободно да шета.“

Британската јавност е револтирана.

Мирор објави негова фотографија во близина на едно од училиштата во областа Англија.

Убиецот носел сива маица и фармерки и шета на условна слобода по 33 години.

За да остане условно слободен, тој мора да се придржува до 40 -те ставки што му се доделени. Но, Ребека, чија сестра ја задави и силуваше, не верува дека е рехабилитиран.

-Никој не е сигурен, имам 8-годишна ќерка и се плашам. Отсега, ќе се вртам назад. Застрашувачки е кога мислам дека овој човек се уште оди толку блиску до училиштата - рече таа.

Телото на девојчето Линде Ман беше пронајдено на оддалечена локација во Лестершир во ноември 1983 година. Колин Пичфорк ја силувал и ја задавил додека неговото дете спиело во автомобилот. Три години подоцна ја силувал и задавил ученичката Доун Ешворт. Го пронашле преку ДНК анализа.

Убиецот nа деца и силувач Колин Пичфорк беше првиот во Велика Британија осуден врз основа на ДНК докази.

Тој беше во затвор 33 години. Правосудството одлучи да го пушти на условна слобода. Тој мора да носи електронска нараквица во секое време, неговиот интернет е ограничен и не смее да биде близу до семејствата на жртвите.

По ослободувањето на убиецот и силувачот на деца, Министерството за правда соопшти дека јавната безбедност е на прво место.

-Ќе има ограничувања до крајот на животот и внимателно ќе го следиме. Доколку прекрши некоја точка од условната казна, се враќа во затвор - објави Министерството за правда.

Според Мирор, во последните години убиецот го користел името Дејвид Торп, и планира уште еднаш да го смени името.

Ова е овозможено со закон во Велика Британија. Се што треба да направи е да плати 33 фунти.

Велика Британија има регистар на сексуални престапници, но убиецот и силувачот Колин Пичфорк не е меѓу нив. Тој не може да биде затоа што е осуден за злосторства извршени пред 1997 година.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk