logo
logo
logo

СИТЕ ГО ПОВРЗУВААТ СО ТУРНИРОТ ВО ПАРИЗ: Кој беше навистина Ролан Гарос? (ФОТО)

Vecer | 15.03.2023

СИТЕ ГО ПОВРЗУВААТ СО ТУРНИРОТ ВО ПАРИЗ: Кој беше навистина Ролан Гарос? (ФОТО)

Денес сите го поврзуваат ова име со Грен слем турнирот во Париз, а не знаат дека Ролан Гарос бил познат авијатичар и изумител на патент кој им дозволувал на пилотите да пукаат со митралези кон непријателите.

Кога ќе се спомене Ролан Гарос, повеќето веднаш помислуваат на престижниот Грен слем тениски турнир кој секоја пролет се одржува во Париз.

Малкумина знаат дека Ежен Адриен Ролан Жорж Гарос, роден во 1888 година на островот Реунион во Индискиот Океан, бил страствен авијатичар.

Летање преку Медитеранот за помалку од 6 часа и одење во војна

Сите што го познавале го опишале како човек со продорен изглед, со мустаќи стилизирани по најнова мода. Покрај тоа, тој исто така бил бестрашен, а од мали нозе бил фасциниран од авионите.

Со текот на времето, оваа љубов прераснала во многу повеќе, а во 1913 година, тој станал првиот пилот кој прелетал преку Медитеранот од малиот француски град наречен Фрежис до Бизерте во Тунис за помалку од шест часа. Подвигот му донел одредена репутација и слава, но и го променил текот на неговиот живот по избувнувањето на Првата светска војна.

Ролан не чекал долго за да волонтира во воздухопловните сили. И тука доаѓаме до делот каде што станува интересно, бидејќи првите авиони не биле користени за директна борба, туку само за извидување, а многу пилоти дури подоцна почнале да носат пиштоли или пушки со нив.

Една од причините зошто авионите не се бореле е тоа што немало шанси еден од куршумите да не заврши во пропелерот. Затоа, Ролан, заедно со инженерот Рејмонд Сониер, дошле до идеја да создадат систем за синхронизација што ќе му овозможи на пилотот да пука во непријателот со митралез.

Иако овој патент не бил целосно усовршен кога на 18 април 1915 година бил погоден од германската противвоздушна одбрана и паднал зад германските линии - тој ќе послужи како модел.

Имено, Гарос немал време да го уништи својот авион пред непријателите да го фатат, па митралезот и роторот за синхронизација останале недопрени. Авионот бил конфискуван и однесен во хангар, каде германските инженери го испитувале и го усовршиле, додавајќи опрема со прекинувач. Со него митралезот можел синхронизирано да пука низ пропелерите на авионот и на тој начин германските авиони почнале многу поефикасно да ги соборуваат сојузничките ескадрили на француското небо.

Гарос, пак, следните три години ги поминал во затвор во Магдебург, Германија, пред да направи спектакуларно бегство. Заедно со друг пилот, по име Анселм Маршал. И тоа со маскирање во стражари и успешно минување на границата со Холандија. Меѓутоа, нивното патување не завршило тука и отишле во Лондон, а потоа во Париз, каде главниот јунак на приказната бил пречекан како херој.

Веднаш по враќањето во татковината продолжил таму каде што застанал. Но, само 35 дена пред крајот на војната и неколку дена пред неговиот 30-ти роденден, тој бил соборен од германскиот пилот Херман Хабих. За време на падот на неговиот Fokker D VII, Гарос загинал и засекогаш заминал во историјата.

Никогаш не бил професионален тенисер, но имал многу пријатели меѓу луѓето од „белите спортови“.

Така, во 1928 година, за време на изградбата на стадионот каде што познатите мускетари - француските тенисери Рене Лакост, Анри Коше, Жак Брунион и Жан Боротра - ја бранеле титулата во Дејвис купот, беше одлучено да се именува по него во чест на вредностите што ги негувал.

Извор: Национална географија

Фото: Википедиа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk