logo
logo
logo

АгимЈонуз

Пописот е шијемига Ѓура

Vecer | 18.09.2021

Пописот е шијемига Ѓура

Доаѓа тип со лаптоп, и вика здраво – живо! Ок! Добродошао момак! Вели, јас сум попишувач! Браос! У руки само лаптоп, седнуе карши тебе и вика ‘‘ ја веќе имам податоци за тебе ( пошто пред мене го искажува мојот ЕМБГ, ) ама повтори го молим те! Ок!

Глеам голобрадо дете пред мене, што има лаптоп у руки, а цела моја фамилија седи и го има искреното ‘‘бујрум‘‘ и тука завршува филмот у старт. Типот седи спроти тебе и само господ знае што пишува. Ти имаш преглед во напишаното исто како Стиви Вондер кон публиката додека пее. ‘‘Фала, пријатно‘‘ и толку од попишувачот кај мене дома!

Само еден господ знае што запиша и како запиша типот. Ни потпишуваш што си изјавил, ни он ти дал да видиш дали те попишал ко Турчин или како Монголец, ни податоци, ни бутур. Се на крај испадна како да беше не ‘‘жими мајка‘‘! Немањето увид на она што се става на лаптоп отвара милион сомнежи. Со право!

А, кој ми гарантира мене дека типот не ме ‘‘ крстел‘‘ на лаптоп!?! Немам увид !

Овие избори кои секако се за поздрав, се тема на која можеме да дисертираме теории на завера колку сакаш. Дали правиме нарачан ‘‘крстен‘‘ попис, или реално потребни статистички бројки за да знаеме кој е на каса а кој е на маса у државата!

Како што тргнала работата пописов ќе направи сите да бидат задоволни на крај. И волкот и овците. Волкот е менлива категорија од избори до избори, а овците се секогаш стандардна класика. Зајко ке биде среќен што пописот завршил успешно, Али ќе биде среќен што есапот кажуе дека дури и поише албанци има од претпоставката, а сите можни проекции базирани на етнички статистики ќе испаднат ептен точни.

Резиме!? Власта знае што прави ! Ма, јебала те власт у врх гузице!

Лично мислам дека крстиме попис у старт! Зошто? Па таман работа да се дознае дека цело време сме правеле рачун без крчмара. Замисли да испадне каша попара во делот на процентуалноста! Ќе испадне дека ние не само што сме биле несериозни, туку сме биле и против демократијата.

Исправниот и ‘‘ таман‘‘ попис треба да оправда многу пари, проекти, рамковни карамболи, а да не кажам дека треба да оправда и власт! Затоа што власта се држи до претпоставени бројки кои ги правда со ‘‘вкрстено‘‘ споредување на популацијата, ама тоа е само – теорија. Велат ‘‘папир и оловка трпе свашта‘‘! Па интернетот што мислите. Рошомонијада, не свашта!

Една работа е евидентна. Мора да испадне се како што треба. Приказната е иста како во оној виц, кога некој сакал да изнајми ‘‘книговоџа‘‘, па по ред ги прашувал сите на аудиенција колку се два и два, а откога сите одговарале дека се четири, го изнајмил оној што му одговорил со ‘‘ а колку сакаш да ти биде‘‘. Така и со пописов. Кој е книговоџата кој е изнајмен?!

Симптоматично е тоа што на самиот почеток, ДИК вели дека претпоставува бројка од милион и осумсто-деветсто граѓани, а народот, башка самите политичари уста ги заболе повторувајки дека се сомнева на бројка поголема од милион ипол!

Јас не тврдам, ама се прашувам и претпоставувам дека пописов не да ќе биде ‘‘крстен‘‘, туку дури и улепшан. Ќе биде таков да сктуелната политичка гарнитура се буса у гради дека ‘‘ ете, ние цело време ви кажуеме, ама вие не верувате‘‘, дека се е во ред.

На пописното ‘‘ тезгере‘‘ најбитна ќе биде процентуалноста на албанците. Та, крв се пролеа. Дека бројката е над дваесет проценти ‘‘зихер‘‘, ама колку точно, ке се седне на маса и ќе се размисли колкава е бројката што е идеална ‘‘ем турците ем каурите‘‘ да бидат задоволни и да постават темели за понатамошни законски манипулации при имплементирање на закони, прописи, правила.

Заев одамна им седи у скут на албанците и не смее ‘‘ да заебе‘‘! А, не смее да ги заебе ни своите. Албанците ако не со него ке заиграат танго и со другата страна, ама ако Зајко сака да остане да се вози на рингишпилот ќе мора да изведе идеални математики.

Во меѓувреме државната администрација има полни раце работа. Паралелно кај и да е од другата недела почнува кампањата за локални избори. Дали на Шилегов ќе му се сервира мезе без вкус, или ќе си остане на старото мезе.

Како и да е, типот го раскопа градот, народ да види дека он работи, а сите ‘‘лажи, лажи Вере‘‘ ветувања ќе ги оставиме за у кафана. Зошто официјално ако реагираш, од некакви чудни причини може да ти дојде инспекција у дуќан, да те сопираат цајкани и да те прашуваат зошто не ти работи леви жмигавац, а не дај боже да треба нешто да завршиш работа у администрација, ќе завршиш ‘‘ кад прдне мртав‘‘.

И попис и локални избори на купче спремаат нов амбиент. Нов темел на кој платформата наречена ‘‘ебење у мозак‘‘ ќе треба да продолжи да функционира. Ако! Навикнал народ! Ама дали баш!?

Се појавуваат многу нови ликови и партии кои велат ‘‘ доста е вака веќе‘‘! Тоа е сериозно симптоматично. И сите имаат заеднички именител, а тоа е податокот кој вели дека народот е сит од оваа власт! А, таа си се тепа на свој начин, зошто не се предава така лесно власт, ‘‘јер је она велика сласт‘‘ . А, богами и паре!

Народски прашано, ‘‘ќе го јаде ли Шилегов‘‘? Не мезето, туку поразот. Мезето не може никој да му го јаде, си го плаќа поштено у кафана!

Живот тече даље велат, а Македонија еден ден ќе стане ваљда држава. Пардон, за да не бидам погрешно разбран, сакав да кажам ‘‘асална држава‘‘. Она и сега си е држава ама каква?!

Излезете попишувачи по сокаци и прашајте народ каква е!

Ќе те отера у три пичке лепе материне!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk