logo
logo
logo

Пекарите и возачите заработуваат и до 4000 евра! Список на плати во 50 професии во Германија

Vecer | 22.03.2023

Пекарите и возачите заработуваат и до 4000 евра! Список на плати во 50 професии во Германија

Германија со години се смета за најсилна економија. Затоа и не чуди што најголем број наши луѓе одат таму да работат. Иако растот на платите е забавен во последните години и во оваа земја, податоците покажуваат дека месечните примања и понатаму се значително повисоки отколку во другите европски земји.

На пример, платата на пекар се движи од 1.500 евра месечно се до 4.000 евра, а одредени професии, како менаџерите на хотели, имаат плата од речиси 10.000 евра.

За повеќето работни места не е потребно високо ниво на познавање на германскиот јазик, па затоа многумина почнуваат да учат дури кога ќе се вработат. Сепак, работните места со високи квалификации, но и со повисока плата, како оние во здравството, бараат познавање на јазикот на повисоко ниво.

Ако ја погледнеме листата на најчести работни места на кои се ангажирани наши луѓе, месечната плата е далеку поголема од сумата што би можеле да ја заработат за истата работа на домашен терен. Платите започнуваат од 1.500 евра па нагоре.

Ви пренесуваме листа од 50 занимања и плати во Германија:

Негувателка 1.500 - 3.651 евра

Медицински асистент 1.500 - 4.280 евра

Доктор 3.369 – 7.862 евра

Медицинска сестра 1.612 - 4.531 евра

Лаборант, техничар 1.923 - 3.950 евра

Фармацевт 3.050 - 7.028 евра

Стоматолог 3.431 – 7.683 евра

Ветеринар 2.086 - 5.489 евра

Оптичар 1.791 - 4.125 евра

Архитект 2.005 - 6.507 евра

Градежен инженер 2.334 - 7.392 евра

Електро инженер 2.228 - 5.098 евра

Електричар 2.308 - 4.339 евра

Пекар 1.586 - 4.008 евра

Претставник за продажба 1.590 - 6.055 евра

Дилер на автомобили 1.864 - 7.320 евра

Банкарски службеник 2.404 - 5.138 евра

Сметководител 2.018 - 4.636 евра

Раководител на канцеларија 2.598 - 5.436 евра

Економист 2.661 - 5.812 евра

Супервизор на кол-центар 3.085 - 5.564 евра

Раководител на мало 1.585 - 5.833 евра

Референт за продажба 2.137 - 7.595 евра

Возач на автобус 2.117 - 4.146 евра

Таксист 2.005 - 3.963 евра

Контролор 3.182 – 7.648 евра

Покривач на кровови 1.665 - 5.597 евра

Автомеханичар 2.019 - 4.223 евра

Автоелектричар 2.228 - 5.097 евра

Автотехничар 2.151 - 5.216 евра

Виљушкар 1.890 - 3.779 евра

Чистач 1.500 - 2.849 евра

Рецепционер 1.803 - 3.456 евра

Дадилка 1.500 - 4.168 евра

Фризер 1.576 - 3.240 евра

Водоводџија 2.317 - 4.524 евра

Циглар 1.500 – 5.149 евра

Столар 1.561 - 5.339 евра

Техничар за обработка на дрво 2.230 - 4.465 евра

Уредник 1.993 – 8.822 евра

Новинар 2.036 - 5.157 евра

Менаџер за настани 2.521 - 6.621 евра

Менаџер за комуникации 3.370 - 5.831 евра

Фотограф 1.907 - 4.609 евра

Инструктор по возење 1.916 - 4.548 евра

Графички дизајнер 2.280 - 5.053 евра

Маркетинг асистент 2.520 - 3.910 евра

Менаџер на хотел 2.120 - 9.742 евра

Келнер 1.653 - 3.738 евра

Готвач 2.446 – 6.579 евра

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk