logo
logo
logo

Ова се хитовите што ги отпеа АКИ, а ќе останат засекогаш!

Vecer | 22.01.2022

Ова се хитовите што ги отпеа АКИ, а ќе останат засекогаш!

Пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, почина денеска, 22 јануари, на 67-годишна возраст, објавено е на официјалната страница на бендот.

Рахимовски создаде многу хитови во својата кариера, а неговата музика беше голем дел од нашите животи. Во Парни ваљак беше од 1975 година, а по паузата се вратија на сцената во 2005 година на 30-годишнината од основањето на бендот.

Аки зад себе остави бројни безвременски хитови како „Проклетата недеља“, „Све још мирише на њу“, „Моја је песма лагана“, „Јесен у мени“, „Доѓи“ , „Заставе“, „Љубавна“...

Аки Рахимовски со групата Парни ваљак освои бројни награди, меѓу кои и 6 Порини за албумот „Будење“ објавен во 1993 година. Во 2015 година оваа група ја доби наградата „Град Загреб“ за заслуги во промовирањето на општествениот живот во градот. И самиот Аки призна дека оваа награда заедно со Порин му е најдрага.

Да се потсетиме на дел од темите на Аки, како и легендарната изведба на „Јесен у мени“ заедно со неповторливиот Тоше:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk