logo
logo
logo

Марадона закопан БЕЗ СРЦЕ! Испливаа ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ

Vecer | 22.11.2021

Марадона закопан БЕЗ СРЦЕ! Испливаа ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ

Се ближи првата годишнина од смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона. Медиумите во Аргентина се бават со случајот за смртта на Марадона откако непосредно пред годишнината (25 ноември) докторот и новинар Нелсон Кастро објавил книга со наслов „Здравјето на Диего: Вистинска приказна“, во која открива медицински детали за смртта на фудбалската ѕвезда.

Авторот на книгата имал пристап до тајните досиеја, интервјуирал сведоци кои досега не зборувале за Марадона и користел необјавени документи. Исто така, истакнал дека на Марадона никој не му ја контролирал исхраната, ниту проблемот што го имал со зависноста.

Докторот Кастро истакнал дека Марадона бил зависник од се што било деструктивно за него, а ја открил и бизарната причина зошто бил погребан без срце.

- Постоеше една група навивачи кои планираа да го украдат срцето на Марадона. Кога беше откриено тоа, беше извадено да се проучи затоа што тоа беше мошне важно за утврдувањето на причините за неговата смрт, па подоцна и беше погребан без срце, рекол докторот и додал дека срцето на легендата било речиси двојно поголемо отколу кај обичен човек.

  • Срцето на Марадона беше тешко половина килограм, тоа беше големо срце. Иако имаше срце на спортист, кај него беше поголемо заради нешто друго, односно срцевата инсуфициенција, објаснил Кастро.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk