logo
logo
logo

ЕВЕ како да проверите каде можете да патувате со вакцината против Ковид-29 која сте ја примиле

Vecer | 24.07.2021

ЕВЕ како да проверите каде можете да патувате со вакцината против Ковид-29 која сте ја примиле

Повторното воспоставување на непроблематично меѓународно патување е можеби најдобриот показател дали навистина се вративме во некаква форма на нормалност.

Досега се администрирани 3,7 милијарди дози вакцина против „Ковид-19“ ширум светот, а многумина одлучија да ги спакнат куферите и да патуваат во странство. Но, треба да знаете дека не сите вакцини се подеднакво вредни при преминување на границата.

Многу влади дадоа зелено светло само на оние кои биле вакцинирани со одредени вакцини.

Европската унија, на пример, навести овој месец дека нема да дозволи влез на оние кои го добија Covishield, индиската верзија на АстраЗенека, бидејќи не беше одобрена од европскиот регулатор на лекови. Индија се закани со одмазда и рече дека „може да воведе реципрочна одлука за признавање на дигиталниот сертификат на ЕУ“. Би-Би-Си наведува дека ситуацијата со Covishield се однесува на политиката на Европската унија, а не на индивидуалните земји-членки и дека Австрија, Германија, Словенија, Грција, Ирска и Шпанија објавија дека им овозможуваат влез на посетителите кои биле вакцинирани со оваа вакцина.

Покрај AstraZeneca, Светската здравствена организација одобри Pfizer-BioNTech, Moderna, Johnson & Johnson и две кинески вакцини. Но, каква е глобалната состојба со прифаќање на различни вакцини за преминување на границата?

Според VisaGuide.World, најприфатената вакцина ширум светот, во однос на преминувањето на границата, е онаа на AstraZeneca, која е одобрена од 119 земји, вклучително и од СЗО.

После AstraZeneca, доаѓа Pfizer-BioNTech, кој е одобрен од скоро 90 земји, а потоа Sputnik V (признат од повеќе од 60 земји). После тоа доаѓаат Moderna, Johnson & Johnson. Од друга страна, кинескиот CanSinoBio е признат од само неколку држави. На страницата VisaGuide можете да проверите кои земји ја препознаваат вакцината што сте ја примиле. Внесете ја вакцината во првата линија и посакуваната дестинација во втората, по што ќе ги добиете бараните информации.

Проблемот не е само преминување на границата. Иако САД во моментов не бараат сертификат за вакцинација за влез во земјата (иако се затворени за Британците, Европејците, Кинезите и Индијците), Канаѓаните вакцинирани со AstraZenecа изразија загриженост за можните проблеми со влегувањето во установи за кои е потребна потврда за вакцинација. од страна на Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА). Имено, иако САД нарачаа 300 милиони дози вакцина АстраЗенека, ФДА сè уште не ја одобри, пишува Економист.

Туристичката индустрија е загрижена дека ваквите ограничувања можат да ги задржат луѓето дома. Ник Карин од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт смета дека недостатокот на договор меѓу владите е „друга пречка во патувањето“. Маријангела Симао, помошник главен извршен директор на СЗО, рече дека Европскиот парламент им препорача на земјите да размислат за прифаќање вакцини кои се наоѓаат на списокот за итни одобрувања на СЗО.

Меѓу вакцините кои најверојатно нема да добијат меѓународно одобрување вклучуваат руски Спутник V, индискиот Коваксин и кубанската вакцина Абдала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk