logo
logo
logo

Агим Јонуз

Чие дупе у која столица

Vecer | 18.08.2021

Чие дупе у која столица

Во држава во која релативноста, корупцијата, непотизмот и партиското дупелижење стана сосема нормална работа на сите можни нивоа, сеедно е чие дупе која столица ќе грее. Ако ја грее. Проблемот не е у столицата туку на масата. Таму се прават сите фртутми, планови, дилови и бизниси.

Има ли некоја држава што се фали дека само што не влегла во Европа, а на која населението преку шеесет проценти се изјаснува како ‘‘ не верувам никому, неопределен сум‘‘. Може и има, у Јужна Родезија. Тоа е затоа што се на југ од нас, ‘‘ што је јужније то је тужније‘‘.  Е, де!

Како бе луѓе не сваќате дека сите ги заболе патљак за ‘‘ да градиме боље секојдневие‘‘ и дека се е фарса која надминува и најлицемерни фрази од сериалот на Монти Пајтон.

Да не се секира Шилегов за Скопје!? Мора да сте пијани. Исто ко него! Добро, и мене де! Немам ни ја бољи имиџ, да не биде вреѓам. Барем така викаат злонамерници.

Пирамидата на политичката моќ во Македонија ‘‘мења под и паркет‘‘ у Октомври. Сосема нормално е пучанството ја голта гурабии кои веќе од својата бајатост стојат у гркљан. Ама, шта је ту је викаат. Симптоматично е нешто друго. Неопределените. Ептен многу ги има бе! Тууу!

Што ни кажува тоа? Аман бе, наочари ли ви требаат. Тоа ја покажува трулоста. Ситоста од јадење бурек дека се е во ред а ништо не е во ред. Распадот на системот кој латентно, ама многу јако вреска во етерот. Политичките султанати со текот на времето во своето мегафонско високо патриотски тера политичка агенда, ама локално, штампа пари децаа!

Знаете ли некоја партија која живее од чланарина само! Крастајци криви. И сега треба ли некој да ви црта дека бизнисите кои се водат се ‘‘мултинаменски кредити‘‘ со кои ‘‘пола пију пола Шарцу дају‘‘ и така по принципот на ‘‘ сречо моја чорави народе‘‘ на еден маестрален начин одржуваат ниво во кое сите треба да поверуваат дека е ‘‘по богу и закону‘‘ функционирањето.

Локалната власт и моќ се златен рудник. Како вика народот, ‘‘ не можеш да работиш со мед, а да не ги лизнеш прстите‘‘. Па да га јебеш. Што сакам да кажам. Нивото на функционирање на локалната власт не е ништо поинакво од ‘‘високата‘‘ власт. Имаш совет кој одлучува и носи одлуки за преземање на чекори, а у суштина гласањето е пак по системот на мнозинство на гласови.

Така, носителот на локалната власт создава ‘‘микропашалуци‘‘ кои се во функција на големите пашалуци во парламент и институциите. Систем на крвни садови. Свински црева. Србите викаат ‘‘ не сме ништа да омане‘‘.  На пример, тој што ке седне на градоначалничката фотеља у Скопје, не ебава ништо што не и одговара на партијата која го делегирала и гласала. По таква некоја логика која е апсолутно релевантна, Зајко покрај газдалукот во Муртино е истовремено и газда на Скопје, без разлика што уште тоа струмичкиот акцент му ечи у ваздух.

Кој кого ебе у мозак Џолеее!? Ма кој кого стигне. Пасе народ све! Е, дали пасе! Е, не баш!

Евидентноста на бројката на неопределени кажува дека филмот на газда ‘‘ ем у село ем у град‘‘ полека почнува да бледее. Какви се шансите таа бројка нешто да смени. Технички сосема изводливо е да за градоначалник се избори независна личност. ОК! Арно ама, како тоа би функционирало. Никако. Ако советот на општината треба да гласа нешто, тука тој независен градоначалник има да ‘‘пуши‘‘ на секоја седница. И така, многу брзо, во дисфункционалност во донесување одлуки и решенија, тој независен градоначалник многу брзо ќе ја чуе онаа песна ‘‘ отишао је а сарму пробао није‘‘! Освен, ако не си го продаде газот благовремено на некој од султанатите. И ете! Како и да свртиш у ќар си ако те изберат за ‘‘главни‘‘ Може да се ценкаш до сутра. Како и да е, нема да си одиш со празен стомак.

Врти – сучи, уште долго време во Македонија во поголемите места барем нема да се случи спектакуларното ‘‘ имаме човек од народ – за народ‘‘. Неизводливо е. Ке му ебат мамата мамина док си реко‘ кекс. Моќта и власта не се предаваат некому туку така. Единствената работа која може како блага промена да се осети на овие избори е нешто друго.

Малите партии, независните кандидатски листи ке покажат подем. Арно ама, тие партии не залудно се викаат ‘‘мали партии‘‘. Колку и да коалицираат, исто како и на избори на парламентарно ниво, нивната сила ќе биде исклучиво во коалицирањето. И што ке се случи!? Пак на крај, што би рекол народ ‘‘ ќе продаат Г‘с кај султанатите за некое директорско место поише или ‘‘ за канту сира‘‘ за да не биде без ‘‘ич‘‘, така да на крај нај битно е кој ќе ја контролира ситуацијата генерално. Ама ‘‘ биле независни‘‘! Ма јебали те они!

Сичко што не се купува сос пари, купува се сос много пари – бугарска фраза!

И ајде да се прашаме, што е тоа што може да се смени на локално ниво, при празни каси, долгови, шарени лаги уште од прошли избори и народен гнев. Ташак мој! Може само да се аминува она што ќе се изгласа и да се иде дома после гласање да се стави на маса порција гравче и ако има една лута пиперка, ако нема не е крај свет. Живот ќе тече даље, а ти утре коа ке се разбудиш ни у лудило нема да видиш ‘‘боље сутра‘‘.

Колку и да е песимистички сево ова што го пишувам, реалноста вели дека амбиентот на секојдневието е крвно поврзано за ‘‘ високата калимера‘‘ во политиката. Рибата смрди од главата нели, тоа и децата го знаат. Прерано е да се прогнозира чиво дупе на која столица ке седне. Дупе си е дупе. Столицата си е столица.

Ама и државата си е држава. А у трула држава – трула јабука друже. А убавите јабуки!?!?

Народ вика, најубавите јабуки свињите ги јадат! Па како кој сака нека толкува.

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk