Фото: Milos Milenkovic – aktivni odmor, hiking, pesacenje

Вие сте вљубеник во природата и непрегледните пространства на недопрената природа се амбиентот во кој го замислувате својот идеален одмор?

Во светот има толку места кои нудат поглед кој Ве остава без здив, и зошто на врвот на својата листа со желби за посети не би ги ставиле оние кои Ви се блиску. 

Ви ги препорачуваме 6 најубави видиковци на Србија кои можете да ги посетите ова лето:

Фото: Djordje Petrovic – Tara – Banjska Stena
  • Бањска стена – Taра Национален парк

До еден од најпознатите и најубави видиковци во Србија водат две обележани пешачки патеки и пат од макадам. Пријатната прошетка по шумската патека ќе Ве доведе до ридот и видиковецот, кој се наоѓа на 1.065 м.н.в, и од кој се нуди незаборавен поглед на езерото Перуќац, кањонот на реката Дрина.

Фото: Oksana Skendzic – Uvac
  • Moлитвa – Увац

Патеката за пешаци до уредениот видиковец со дрвена платформа води низ карпести предели. Од видиковецот се протега поглед на Специјалниот природен резерват Увац и Увачкото Езеро со надалеку познатите меандри. Самиот врв Молитва е на височина од 1.247 м.н.в. Карпите на кањонот на реката Увац се природно живеалиште на белоглавиот суп.

  • Каблар – Овчарско кабларска клисура

До врвот на планината Каблар водат 5 планинарски патеки, кратките и потешките водат низ карпите, a подолгите водат низ питомите бочни рабови на планината.

Видиковецот Каблар остава посебен впечаток затоа што од него се гледаат менадрите на Западна Морава која минува низ усправните планини, контурите на околните планини во далечината и градот Чачак.

  • Козији камен – Стара Планина

Козји камен е видиковец во југоисточна Србија и се наоѓа на 1.181 м.н.в. директно над Завојско Езеро. Погледот се протега на целото езеро, како и на меандрите на Височица на местото каде се влева во езерото. Во далечина, над езерото се гледаат врвовите Бабин зуб и Миџор, највисокиот врв на Стара Планина.

Фото: oksana-skendzic-stara-planina-tupavica
  • ПлочаЃердап Национален парк

До Плоча води пешачка патека долга околу 3,5 km. Од видиковецот на надморска височина од 355 м, се протега единствениот поглед на Дунав и Казанските вирови. Покрај главниот видиковец, со прошетка по шумска патека може да се дојде до уште два видиковци.

Фото: Oksana Skendzic - Djerdap - Ploce
Фото: Oksana Skendzic – Djerdap – Ploce
  • Шиљак – врв на Ртањ

Ртањ е планина која се наоѓа во Источна Србија. Највисоката точка на Ртањ е врвот Шиљак на 1.561 м.н.в. дo кој може да се дојде преку обележаните патеки од различни страни.

Доколку сте во потрага по вистинска авантура и возбудување кои ги овозможуваат екстремните спортови Ви ги препорачуваме атрактивните ферати (тнр. via ferrata „челичен пат) траси во Србија. Почувствувајте го адреналинот на врвот на карпата со максимална безбедност.

Фото: Stefan Kondic - Rtanj 1
Фото: Stefan Kondic – Rtanj
  • Горњак – Горњачка клисура-Петровац на Млави

Од Белград се пристигнува после еден и пол час возење. Просечното време на искачување е три часа. Via ferrata Горњак е тешка и претставува физички предизвик, со подолги експонирани делови.

Фото: Lepše je u dvoje – Outdoor In
  • Планина Каблар – Овчарско кабларска клисура

Oваа ферата во Србија води до пештерата Турчиновац. Висока 45 m, кривулеста е, а вкупната должина и изнесува 60 м. До дестинацијата се искачува со обезбедени скали, со задолжителна дополнителна опрема – јаже, кацига и појас, како и во придружба на обучени водичи.

Фото: Dragan Bosnic – Ovcar – kablar
  • Берим – езеро Газиводе Зубин Поток

Фератата се наоѓа на карпите на Берим на планината Мокра Гора. Од Зубин Поток оддалечена е 25 km. Ова е најдолга и најтешка ферата во Србија,  започнува од логистичкиот камп со планинска патека и се состои од неколку делови.

Фото: Gazivode - Outdoor In.
Фото: Gazivode – Outdoor In.

Ова лето изберете авантура во Србија!

www.serbia.travel

Фото: https://www.serbia.travel/