logo
logo
logo

ПРИКАЗНАТА која ги освои срцата на Балканците: Милионерот од грчката евтина таверна

Vecer | 23.07.2021

ПРИКАЗНАТА која ги освои срцата на Балканците: Милионерот од грчката евтина таверна

Кој е најнеобичниот келнер кој ве служел досега?

Додека размислувате на ова невообичаено прашање, ние ви го преставуваме најдобриот кандидат за оваа титула.

Беше тоа неколку години пред пандемијата, на еден грчки остров во месец август. Со пријатели од Белград, последниот ден од 10 дневниот одмор го поминавме на плажа. Секој ден ручавме во една рустична таверна која ни беше на пола пат до апартманот. Скромна, но убава. Имаше дрвени столици и разнишани маси кои се наоѓаа под палми чија метална конструкција одамна почнала да рѓосува.

На кратко, ништо посебно – но она кое ја прави интересна и невообичаена е нејзиниот сопственик. Црн, избричен, некаде помеѓу 30 и 40 години, слаткоречив и бескрајно шармантен. Класичен Грк, онаков како што му прилега на сопственик на грчка таверна на плажа.

Ни за 100 животи немаше да претпоставиме

И покрај тоа што е сопственик на таверната тој работи буквално секој ден како келнер – зема нарачки, носи храна и пијалоци и наплатува. Тој беше секогаш скромно облечен, кошула со кратки ракави, евтини панталони и избеледени црни сандали. Речиси незабележителен. Ни за 100 животи немаше да претпоставам дека позади неговиот имиџ се крие баш таков човек.

Се вика Маргаритис и секогаш беше "вооружан со туристички зборови" – знаеше по некој збор српски, германски и руски. Тој ги забавуваше гостите секојдневно и служеше грчки специјалитети и морски плодови.

-Фала ви многу! Ве сакам многу. Партизан или Црвена Ѕвезда, неуморно не анимираше на неговиот грчко-српски јазик.

Тој работеше буквално секој ден, од сабајле до доцна вечер. Прифаќаше нарачки, ги носеше и наплатуваше. Кога и да дојдевме во оваа таверна, тој беше таму. Десет дена по ред.

Чив е хотелот? Дали слушнавме добро?!

Така и беше до последниот ден. Маргаритис е интелегенте и се грижи за својот џеб па оттаму и знаеше точно колку денови сме на одмор. Кога му порачавме за јадење тој ни се обрати на англиски.

Маргаритис: Последен ден?

Ние: Да, си одиме утре.

Маргаритис: Таман. И ние ја затвораме таверната утре и ја завршуваме сезоната.

Ние: Зошто толку рано? Август е.

Маргаритис: Ќе почнат да се рушат апартманите позади нас, а со нив и таверната.

Ние: Ама зошто?

Маргаритис: Не се грижите! Ќе отвориме нова на истово место.

Ние: А зошто ги рушат апартманите?

Маргаритис: Ќе се гради нов хотел, тука на сама плажа со 4 ѕвезди.

Ние: А кој го гради хотелот?

Маргаритис: Јас!

Ние: Шок и тишина.

Маргаритис ја искористи нашата збунетост и продолжи со својата работа, додека пак ние останавме со отворени усти. Кога се собравме од шокот решивме да поставиме уште неколку прашања.

Човече, зошто работиш како келнер?

Го замоливме да седне со нас на маса бидејќи сакавме да дознаеме се. Дали е можно тоа што го слушнавме во овој денешен свет?

Инаку тој не е само сопственик на оваа таверна на плажа. Имено, Маргаритис е сопственик и на два хотели во Грција, третиот само што го завршува со градба а четвртиот ќе го гради на местото на таверната. И тоа не станува збор за хотели во стил на апартмани, туку вистински хотели. Еден од нив има 3 ѕвезди а другите два имаат 4 ѕвезди.

Го прашавме кој му ги води хотелите и зошто тој е тука наместо таму? Ни одговори дека може да најде луѓе менаџери за хотелите но дека никој нема да може да ја води таверната како него. А ова мало кафанче му носело многу пари. Гостите се навикнати на мене и не знам што би се случило доколку една сезона ме нема, ни рече.

Јасно ми беше дека тој е впрочем бизнисмен, но пред се е газда на таверна. Хотелите му се работа за збогатување, а таверната е местото кој тој го сака. Таа е суштината на неговата кафанска личност. А заради него и доаѓаат гостите.

И така, после неколку минути разговор сфативме дека нас 10 дена не служел милионер. Бизнисмен, хотелиер и голем претприемач. Кој го обожува својот занает и кој цели 6 месеци сезона нема ниту еден слободен ден.

Со чест на исклучоци, јас познавам многу луѓе кои отвораат бутик или некаква работилница и вработуваат луѓе да им работат а тие само го собираат прометот на крај на денот. И тоа некако стана нормално за мене. Но тогаш го запознав овој Грк и неговата необична приказна ме фасцинираше.

Ова лето повторно го видов Маргаритис, и тоа по неколку години пауза. Тој не беше остарен ниту еден ден. Ја преживеал мртвата сезона лани а неговиот хотел сега работи одлично – многу подобро отколку пред пандемијата.

Бевме таму десет дена и Маргаритис не служеше повторно секој ден. Навистина не знам кога овој човек спие. И без сон тој успеал да ги оствари сите негови соништа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk