Завршува асфалтирањето на улиците Коле Неделковски и Стефан Јакимов Дедов

Со заменување на стариот и дотраен асфалт и поставување на нов, со вкупна површина од 685 метри квадратни, општина Центар ја завршува реконструкцијата на улиците Коле Неделковски и крак од Стефан Јакимов Дедов, во близина на основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“, соопшти општината.

„По повеќе од 10 години, на улиците поставен е нов долен строј и нова атмосферска канализација. Извршено е нивелирање на постоечките шахти и пристапите до влезовите на домовите на граѓаните се во целост обновени“, велат од општината.

Наредни во програмата за реконструкција на улици во општина Центар се улиците Димитар Пандилов, Ѓуро Ѓоновиќ, Ганчо Хаџипанзов и улицата Караорман.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари