Започна изградбата на пристапните улици во новата населба Александрија

Со финиширање на изградбата на вторите две згради во новата населба Александрија, во Општината Ѓорче Петров, паралелно започна да се работи на првите пристапни улици, пешачки патики, партерно уредување со што населбата полека го добива својот предвиден лик.

Фабрика Карпош која што е инвеститор на првите згради, ќе ги изработи улиците и комплетно целата инфраструктура во населбата. Со самото тоа и првата фаза од оваа населба доаѓа кон својот крај.

Моментално Фабрика Карпош започна со изградба на уште една зграда Атриа, која ќе биде станбен комплекс со хортикултурно внатрешно уредување и која ќе има 80 стабнени единици и деловен простор.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари