ТРАДИЦИЈА

За Свети Трифун во Кучково

Големиот христијански празник Свети Трифун и годинава ќе се одбележи во малата црква во селото Кучково, која е посветена на светецот Трифун. Од Општина Ѓорче Петров ги покануваат сите верници в сабота на 14 февруари да дојдат во Кучково и да присуствуваат на традиционалната централна манифестација за закројување на лозјата и овошките.

На оваа прослава ќе присуствува архиепископот Охридско Македонски г.г. Стефан кој ќе одржи и архиерејска богослужба. На прославата ќе присуствуваат градоначалниците на Општина Ѓорче Петров г. Сокол Митровски и скопскиот градоначалник Трифун Костовски.
- Неодамна општината презеде активности за поправки на пристапниот пат кон црквата со што пристапот до неа е подобрен. На досегашните прослави на овој верски празник присуствуваа многу православни верници и затоа и годинава се очекуваат во голам број да присуствуваат на овој чин кој со векови се одржува на овие простори - информираат општинарите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари