Возило на Црвениот крст ќе патролира на улиците во најтоплите денови

Обележано возило на Црвениот крст ќе патролира на најфреквентните улици во општина Кисела Вода во деновите кога температурите ќе бидат над 35 степени, до граѓаните ќе се дистрибуира и ќе се дели студена вода за пиење, ќе им се даваат медицински совети на оние што ќе се пожалат на тегоби.

За потешките случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом. Овие активности се дел од проектот „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода и годинава го спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода заради полесно справување со високите температури.

Во рамките на проектот совети и корисни информации поврзани за превенција од евентуални несакани последици врз здравјето поради високите температури од страна на дежурен лекар граѓаните може да добиваат на броевите 02 3211 417 и 071 289 203, секој работен ден, во периодот од 11 до 16 часот.

Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а тој е содржан во програмата за 2018 година на Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, заедно со општинската организација на Црвениот крст на Кисела Вода.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари