РСБСП

Возете внимателно во есен - коловозите се влажни, видливоста намалена, а возачите поуморни

Есента е период од годината кога временските услови се нестабилни, често врне дожд, магла, ветер, а неретко во раните утринските часови на одредени осојни места има појава и на голомразица

Коловозите се влажни, денот е пократок, видливоста е намалена, а голем дел од возачите (посебно оние кои се метеопати) се уморни и неконцентрирани. Токму затоа, РСБСП потенцира дека возењето во есента носи многу предизвици и апелира на будност, внимателност и на концентрирано учество во сообраќајот и потсетува дека најголеми закани за безбедното одвивање на сообраќајот во овој период од годината се:

Намалена видливост. Краткиот есенски ден и облачното време го намалуваат видното поле на возачите. Токму затоа, потребно е да се направат сите технички проверки на возилото, особено проверка на светлосните уреди и брисачите затоа што дождот, маглата и долгата ноќ во основа значи и патување, односно возење под отежнати услови. Чувајте го ветробранското стакло и светлата на возилото чисти и проверувајте го притисокот на гумите кои вообичаено во есента поради пониските температури е намален.
Зголемена фрекфенција на (невидливи) пешаци и велосипедисти.

Одрони на пат. Честите врнежи на дожд карактеристични за овој период од годината предизвикуваат појава на одрони на патиштата.
Влажни коловози и коловози покриени со лисја. Влажните коловози го продолжуваат сопирачкиот пат на возилото, а не ретко предизвикуваат и излетување на возилото од патот.

Животни на пат. Иако не е многу вообичаено за македонски услови, сепак есента е период од годината кога веројатноста од појава на животни на пат е поголема без разлика дали станува збор за домашни или за шумски/диви животни. Затоа бидете внимателни, особено ако возите во шумски или планински предели.

Водена бара на патот. За жал на некои делови од патиштата (за време или после дожд) водата се задржува подолго и во поголеми количини на коловозот.

Ниски утрински и ноќни температури. Условно кажано есента е период кога се врши "зимска# подготовка на возилото. Задолжително проверете го антифризот, акумулаторот, течноста за брисачите, заменете ги навремено гумите и сите дотраени делови од возилото. Не дозволувајте ниските температури да ве затекнат вас и вашето возило неподготвени.

Во услови на магла, користете средни или специјални светла. Неправилната употреба на светлата го загрозува видното поле на останатите возачи. Во случај на привремено запирање на возилото користете соодветни светла за да може да бидете забележани од другите возачи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари