Во сообраќајката на „Партизанска“ тешко е повреден 65-годишен маж од Волково

Шеесет и петгодишниот Д.Б.(65) од селото Волково е тешко повреден во сообраќајната несреќа која што се случи синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Тој е пренесен и задржан на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата потврди дека три лица се повредени во несреќата која што се случи во 19,55 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ меѓу „бмв“  управувано од Б.Т.(29) од Скопје и „мерцедес“ управуван од К.И. (65) од Скопје.

Покрај пешакот од Волково, со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56). Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари