Во пожарот во Лисиче изгореа 20-ина автомобили

Пожарот што попладнево избувна во Лисиче е изгаснат. Во интервенцијата учествувале четири возила со 11 пожарникари.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информираат дека пожарот е целосно изгаснат и дека во моментов се прави контрола на теренот.

Во пожарот изгореа сува трева од еден хектар и 20-ина половни возила. Причината засега е непозната, но најверојатно станува за човечки фактор.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари