Во Цирих приведени 127 крадци, меѓу нив има и македонски државјани

Полицијата на швајцарскиот кантон Цирих приведе 127 крадци, меѓу нив има и македонски државјани. Во акцијата за борба против криминалот се приведени лица од Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија. Полицијата спроведе разни насочени контроли, а меѓу уапсените има и 24 осомничени провалници.

Акцијата траела од октомври до крајот на февруари. Полицијата информира дека врз основа на контролите се уапсени 24 осомничени за кражби, 21 од нив му се предадени до надлежниот јавен обвинител. 55 лица беа уапсени за кршење на законот за странци или наркотици. Исто така, поднесени се 180 пријави и издадени се мноштво казни.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари