Вдомени 10 кучиња од „Вардариште“

Во отворените денови за вдомување бездомни животни што од 4 до 10 октомври ги организираа ЈП „Комунална хигиена“ и Стационарот „Вардариште“ се вдомени 10 кучиња.

Кучињата што беа достапни за вдомување, а беа 60 на број, претходно беа прегледани од ветеринарен доктор, беа стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.

Акцијата за вдомување кучиња се организираше во рамките на одбележувањето на 4 Октомври – Светскиот ден посветен на заштитата на животните.

Градот Скопје ги потсетува љубителите на животни дека доколку се одлучат да вдомат бездомно куче од стационарот „Вардариште“ тоа можат да го направат и понатаму, во деновите од вторник до сабота, во периодот од 9 до 13 часот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари