Утре без вода ќе останат делови од Карпош и од Аеродром

Делови од општините Карпош и Аеродром утре, 18 мај, ќе останат без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

– Од ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје е добиено известување дека заради дефект на водоводен приклучок на улица Прашка на 18 мај прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Прашка бб од 09 часот до санирање на дефектот – се наведува во информацијата.

Од РЦУК, исто така, информираат и дека заради поправка на водоводна мрежа во општина Аеродром, утре без водаснабдување ќе останат корисниците на ул. Коста Новаковиќ бр. 7 и бр. 9 и Поликлиника „Јане Сандански“ од 09 часот до завршување на поправката.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари