Улицата кај Градскиот стадион го доби името Столтенбергова

Улицата кај Градскиот стадион од денеска ќе го носи името Столтенбергова, по таткото на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Во знак на благодарност на Град Скопје и на скопјани за несебичната помош на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името Столтенбергова“, соопштија од Градот Скопје.

На свеченоста по повод иницијативата за именување на улицата денеска присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари