ОТВОРЕНО НОВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО ГАЗИ БАБА

Училиштето Кирил Петрушевски доби нов спортски објект

Во склоп на спортското игралиште ќе има и терен за мал фудбал, кошаркарско игралиште и детско забавно катче. Дека Гази Баба активно работи на подобрување на условите за живеење и на развојот на инфраструктурата, доказ се неколкуте проекти кои општинските власти ги реализираа овој месец

Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски вчера со пригодна манифестација го пуштија во употреба мултифункционалното спортско игралиште за мал фудбал и кошарка, со игралиште за деца во УЗ Кирил Петрушевски" во н. Вардариште.

Игралиштето е изградено за краток период, а во најава се и изградба на нови фудбалски терени до крајот на оваа година. Истото е финансирано од општината Гази Баба, а осветлувањето од Градот Скопје. Вкупната Инвестиција за реализација на овој спортски објект е околу 40 илјади евра. Според Трајковски, општината ќе отвора уште нови спортски игралишта и во соседните населени места.
- Не само учениците на училиштето "Кирил Петрушевски" во текот на годината, туку и жителите населбата ќе можат да го ползуваат секојдневно. Ваков спортски терен недостасуваше во населбата Вардариште, и со оваа изградба основната цел е што повеќе да се развие желбата за спорт, спортскиот дух кај сите жители, а посебно кај најмладите ќе биде задоволена. Со изградбата на ваков објект се обезбеди локација каде освен младите, своето слободно време ќе го користат и постарите за одмор и рекреација, изјави градоначалникот на Гази Баба, Трајковски.
Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, најави комплетна санација но и изградба на нови вакви или слични спортски објекти низ градот.
- Новиот спортски терен е ограден и осветлен според важечките стандарди. До овој спортски терен ќе биде изградено и детско игралиште, со што овој спортски центар комплетно ќе биде заокружен. Вкупната инвестиција за реализација на игралиштето е 2.700.000,00 денари. Инвестицијата од градот е осветлувањето на игралиштето. Вакви и слични проекти за спорт и рекреација Градот планира да направи во речиси сите населби низ Скопје, изјави градоначалникот Трајановски.

Најзадоволни од активностите секако дека се граѓаните. Тие велат дека општината полека ја менува сликата и дотраените сообраќајници веќе заликуваат на нови и модерни. - Точно е дека општината работи на решавање на големиот број на проблеми, но мислам дека треба исто така да поработи и на оние во руралните делови од општината. Инаку во склоп на спортското игралиште ќе има и терен за мал фудбал, кошаркарско игралиште и детско забавно катче. Дека Гази Баба активно работи на подобрување на условите за живеење и на развојот на инфраструктурата, доказ се неколкуте проекти кои општинските власти ги реализираа овој месец. Имено, во населбата Триангла ударните дупки се пополнуваа со нов асфалт, а во населбата Автокоманда, улицата "Бапчор" доби комплетно нови тротоари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари