Хуманитарна акција на учениците и наставниците од ООУ "Јохан Хајнрих Песталоци"

Tиквата - спој на македонската и западната култура

Деновиве учениците од првите одделенија заедно со нивните одделенски наставнички и предметната наставничка по англиски јазик од ООУ "Јохан Хајнрих Песталоци " реализираа интересна Проектна активност насловена како " Доблеста на тиквата како здрава храна - спој на традиционалната, македонска и западната култура". Во рамките на акцијата се организираше и хуманитарен базар.

-Преку ваквите активности учениците научија дека тиквата која во голем род се одгледува на македонската почва треба почесто да биде застапена во нашата исхрана како многу здрава храна која изобилува со витамини и минерали неопходни за човековиот организам, информираат од училиштето.

Во соработка со родителите приготвија традиционални македонски јадења од тиква кои ги продаваа во холот на училиштето, а од плодот на тиквата изработија најразлични фигури како симбол кои се користи во западните земји во чест на празникот Hallowen запознавајки се со уште една традиција.

Парите кои беа собрани од овој интересен и едукативен базар ќе бидат уплатени на жиро сметка за ученичка од нивното училиште која боледува од тешка болест.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари