Тешка сообраќајка во Драчево: Малолетник управувал едно од возилата, 7 лица повредени

Седум лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 13:20 часот се случила на улицата „ Драчевска" во Скопје.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Опел Вектра" со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник и патничко возило „Форд Галакси" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А. (27), двајцата од с.Студеничани, скопско.

-По незгодата, двајцата возачи и сопатниците од возилото „Форд Галакси" – Х.А. (51), И.А. (54), М.А. (79) и К.А. (50) и Ф.А. (32), сите од с.Студеничани, скопско, со две други возила и возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски". На сите им била укажана лекарска помош. Кај малолетникот биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останати лица биле констатирани телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари