Карпош единствена општина на Балканот која се закити со "Климатска Ѕвезда 2016"

Стевчо Јакимовски доби оскар за екологија

Општина Карпош e единствена општина на Балканот која се закити со исклучително признание од сферата на заштитата на човековата околина и заштеда на енергија „Климатска Ѕвезда 2016". На церемонијата во градот Кремс во Долна Австрија присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. 

- Пред повеќе од 500 присутни учесници на конференцијата, делегати, членки на Алијансата, експерти, научни работници, владини претставници и претставници од НВО секторот, „Климатската увезда" на Општината и на Градоначалникот Јакимовски им ја врачи Климатската Алијанса, најголемата мрежа во светски размери на градови, општини, региони, држави и организации, со 1.700 членки од 26 земји од Европа. За прв пат од своето 26 годишно постоење, од 1990 година, Климатската Алијанса, ја врачува оваа престижна награда, своевиден „европски оскар за екологија", во рамки на меѓународната конференција „Културата на локалните климатски акции-посочување на добра практика", информираа од општина Карпош.

Притоа, додаваат, оваа влијателна алијанса која претставува 50 милиони жители од Европа, и е фокусирана на климатската заштита и заштитата на животната средина, одлучи да ја награди Општина Карпош за успешно реализираните проекти: мегапроектот за реконструкција на 164 фасади на колективни станбени објекти со енергетско ефикасни фасади, повратот на дел од средствата на физички и правни лица кои изградиле енергетски ефикасни објекти, за затополувањето на училиштата во локалната самоуправа и на новата општинска зграда со обновливи извори на енергија, за замената на севкупното улично осветлување со „штедливи" светилки, како и фактот што, иако нема законска обврска, локаланата власт самостојно го оддржува зеленилото и хигиената во Општината.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари