НАРОДНИОТ ХЕРОЈ, ТРАЈКО СТОЈКОВСКИ-БУЗО РАСКАЖУВА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ

СПАСУВАЊЕТО НА БРАНАТА МАТКА- ГЛАВНА ЦЕЛ

Народниот херој Трајко Стојковски -Бузо, носител на партизанска споменица и воен командант на 12. Македонско- скопска народноослободителна ударна бригада, денеска кога ја славиме 60-годиш- нината од ослободувањето на Скопје, гордо му порачува на младото поколение: "Да читаат и да се интересираат за историјата, да ја продолжат традицијата на нивните татковци, дедовци и прадедовци, да го чуваат и да го негуваат ова наше мало парче земја, наречена Македонија. Ако треба и да ја бранат слободата, онака како што тие се бореле за врема на НОБ. Ние сите тогаш бевме млади, бидејќи младоста и револуцијата секогаш одат заедно. Нашите младешки сили ги насочивме за ослободување на Градот и за социјална и национална слобода на целата земја. Нашата цел беше голема, ние ја остваривме" - гордо вели Стојковски-Бузо. Тој се потсетува и го почнува своето раскажување. "Целата младост, полет, енергија и патриотизам ги насочивме кон извршувањето на овие задачи. Имавме голем мотив и јасна цел да се бориме за слободата на Скопје и за два дена успеавме да го ослободиме. Акцијата за ослободување на Скопје почнала вечерта на 11 ноември, кога борците се упатиле во правец на бункерот на Водно. Но, Германците веќе биле повле- чени оттаму. Во раните утрински часови на 12 ноември, бригадата тргнала во напад од повеќе страни. Така се дејствувало со неколку баталјони, од реонот на плоштадот до браната Матка. Борби имало и кај железничката станица, хотелот "Македонија", Народната банка и Офицерскиот дом. Но, најважната и најтеш ката задача, како што нагласи народниот херој Бузо, била да се заземе и да се зачува браната Матка. Браната била минирана и се претпоставувало дека евентуалната поплава на Скопје ќе однесе 40.000 жртви, односно половина град. Во интензивните борби се бранеле и трите моста на реката Вардар. Камениот мост бил миниран, но тој сепак бил спасен. До 13 ноември борците развиле фронт долг 17 километри. На Офицерскиот дом борците го истакнале црвеното бригадирско македонско знаме со петокрака. "Целиот град славеше", се присетува Стојковски-Бузо и дообјаснува борците мар- ширале низ Градот, а на нив се фрлало цвеќиња. Околу 80.000 жители на Скопје ја славеле победата. Во борбите за ослободување на Скопје загинале 87 борци, а борбите за Матка треле до 14 ноември, кога браната била конечно ослободена. Оваа Бригада, дополнува Стојковски-Бузо, била формирана на 12 септември 1944 година, во селото Војница, Велешко, но со цел да дејствува во околината на Скопје. "Борците во неа беа млади, неискусни на возраст од 16 до 20 години, а јас бев најстар со 21 година" вели Бузо. Кога се формираше има- ше 600 борци, а на крајот имаше двојно повеќе, вели тој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари