Скопјани во филм на Чак Норис - Рекорден број тепачки викендов

Вчера било пријавено дека околу 18.00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков" во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи. Со брза интервенција на полициски службеници двете групи биле разделени. Во врска со настанот во полициска станица биле приведени лицата А.А. (19), Ќ.И. (22), Ј.О. (21) и Е.З. (17), сите од Скопје.

По целосно докуметирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени оодветни поднесоци.

Ноќеска во 00.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул. „Христо Татарчев" бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Б.Ј.Т.(46) и К.Г.(22). Тие имале несогласување околу секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се буткаат, при што К.Г. се здобила со видливи повреди. По целосното документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 19.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.С.(58) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.00 часот во угостителски објект на ул. „Александар Урдаревски" бил физички нападнат од страна на S.М.(52). Тој го удирал со тупаница во пределот на вратот од што се здобил со видливи повреди. По целосно документирање на настанот, против Ѕ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 16.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Долно Количани Е.Т.(27) физички нападнал две лица на возраст од 16 години. Тој ги удирал со раце во пределот на лицето и главата, при што им нанел видливи повреди. По целосното документирање на настанот, против Е.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари