logo
logo
logo

Скопјани: Брат, кнап сум со време, ај ќе се видиме...

Vecer | 24.02.2021

Скопјани: Брат, кнап сум со време, ај ќе се видиме...

Постојат многу интересни факти кои ги одликуваат скопјани.

Еве неколку факти, а вие ако имате некој предлог за да се прошири листата пишете го во коментар.

- За време на викенд одиш на прошетка на Водно, не дека знаеш што ќе правиш, заради тренди да бидеш.

-Ги знаеш сите градски “фаци“ кои оставиле свој печат на Скопје

- Славиш 13 ноември! и плукаш по комунистите

- Му викаш, кога ќе се видите, сто пати ај јави се... а кога ќе се јави - Брат, кнап сум со време, ај ќе се видиме...

- За празници како 1 мај, Велигден, Водици си во Охрид и се гледаш со цело Скопје, дури и пиеш кафе со луѓе што не си ги видел одамна во Скопје, ама ете сте се сретнале таму викендашки и главни сте.

- Знаеш дека оние кои седат по моментално „најшема“ кафичите и рестораните не се скопјани, или пак им дошол некој пријател на гости од странство па излегле да го прошетаат.

- Одиш по сите оние клубови, кафулиња и ресторани кои не се гледаат од улица, а кои се култни катчиња за тебе и твоите пријатели.

- Идам у град, значи дека идеш на пијачка у клуб или кафич.

- Кога ќе видиш екскурзанти од внатрешноста на екскурзија во Скопје, се прашуваш зошто се овие луѓе волку среќни во Скопје?

- Уживаш во трачарење во секој момент и едвај чекаш некој да стане од маса за да го изоговараш.

- Преку ден пиеш по 3-4 кафиња, па после заглавуваш со друштво во кафана.

- Постојано вртиш бизниси, цело време си во фрка, имаш нови зделки и еден куп работа.

- Навиваш за Вардар цел свој живот.

- Ги знаеш сите градски фаци кои оставиле свој печат на Скопје.

- Ја знаеш на памет „Скопје“ од Леб и Сол, а Кети и Лина од „ Неправда“ ти се најголеми фраерки. Секако и „ Високи Штикли“ и „ Ако ми дадеш“ ти се култни.

- Ако си вртел на 223- 305 за да видиш дали ќе ти се јави Драган Мијалковски.

- Знаеш да разликуваш сељак од селанец.

- Кога возиш во гужва ги пцуеш сите што немаат скопски регистрации.

- Зимаш плата 250 евра, а трошиш 500.

- Кога ќе ти се јави некој и ќе те праша кај си, одговараш - Еве, на кафе.

- Нарачуваш со другарите ракија макар била вруќина од 43 степени и целиот ден го поминувате во Дебар маало иако температурите се неиздржливи.

- Одбиваш да се сликаш пред Воинот на коњ и Триумфалната капија. Тоа било за провинцијлаци, ама кога ќе ти дојде пред нос некој од страна се фалиш дека е Скопје изградено

- Уште објаснуваш според локацијата на Рекорд, Нова Железничка, Кенан, Нама, Ванила...

- Ако си искачал во Бони, Ани, Аполон, Алпино, Корнер, Булевар, Малибу, Уна, Огниште, Мусандра, Сачмо, Турист, Раф, Елемент, пред Ванила... стар скопјанец си

- Синоним за благо ти е Апче, за брза храна 7-ца , а за пиво - Скопско.

- За време на летниот период фонтаната кај бившо „Стоилко“ ти личела на нудистичка плажа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk