Шилегов најави изградба на нов парк во Mал ринг

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, најави уредување и изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија, кој со години беше неуреден.

„Овој простор со години се користи како нелегален див паркинг. Бидејќи станува збор за неасфалтирана површина, на ова место паркираните возила разнесуваат прашина која дополнително го загадува воздухот и кал во дождливите денови која по напуштањето на паркингот се разнесува по улиците. Притоа подземниот паркинг под МОБ и Филхармонијата иако има огромен капацитет стои неискористен“ рече Шилегов

Тој, додаде дека на ова место ќе биде изграден парк со површина од 14.000 м2 што го прави овој парк поголем и од Паркот на жената борец. Од овие 14.000 м2 за зеленило се предвидени околу 8.000 м2 во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници. Остатокот од површината ќе биде зафатен со пешачки и велосипедски патеки, клупи, корпи за отпадоци, чешми, канделабри за осветлување и друго.

„Овој простор е единствениот слободен простор во рамките на ДУП-от Мал ринг, што остана незафатен од мегаломанските градби на проектот Скопје 2014. Ова го правиме и ќе продолжиме да го правиме затоа што на Скопје му недостигаат паркови и зелени површини, а не згради и споменици кои во изминатиот период беа градени и повеќе отколку што е потребно“ – нагласи Шилегов.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари