Шилегов: На местото кај стариот споменик на Ќосето ќе никне дрво

На местото каде што до вчеравечер беше споменикот на Андон Јанев Ќосето за кој Општина Центар констатираше дека е дивоградба ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, додавајќи дека повеќе нема да бидат толерирани дивоградбите во главниот град.

Во врска со тајмингот кога е отстранет споменикот, Шилегов изјави дека тоа е сторено во доцните часови за да не се кочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето, како и да не се спречи работата на судовите што започнуваат со работа во утринските часови.„Постаментот од минатата влада беше поставен „шверцерски“ во раните утрински часови, без никој да види, бидејќи знаеле дека е дивоградба“, рече Шилегов.

Гинко

Дрвото кое ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и од видот гинко. Ќе бидат набавени повеќе дрвја од овој тип, кои ќе бидат насадени низ градот, а вкупната вредност на набавката изнесува 40 милиони денари.

Споменикот на Ќосето беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014, како дел од проектот „Скопје 2014“ и како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Станува збор за контраверзна историска личност чие поставување предизвика низа реакции во јавноста, Ќосето е познат како ликвидаторот на ВМРО.

Работната група при Министерството за култура предходно утврди бројни законски прекршувања при поставувањето на овој споменик, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. СЈО отвори истрага за спомениците кои беа поставени како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

В. Ј.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари