Градоначалникот на Скопје што фати - исуши

Шилегов ја уништи и фонтаната на плоштад Македонија

Фонтаната која го разубавуваше плоштадот „Македонија" во Скопје и мамеше воздишки на туристите поради негрижата на градските власти е уништена, а заштитните столпчиња се искршени и украдени. Пред почетокот на летната сезона во центарот на Скопје беа пуштени фонтаните на споменикот „Воин на коњ" и оние на плоштадот Филип Втори, но прскалките на површинската фонтана не проработеа. Причината поради која фонтаната е во оваа состојба е бидејќи Град Скопје нема избрано фирма која ќе ја одржува иако градските власти уверуваа дека фонтаната ќе биде пуштена во функција.

Површинската фонтана се изгради пред три години кога градоначалник беше Коце Трајановски во рамките на проектот за реконструкцијата на плоштадот. Кратко по отварањето на новата фонтана, таа стана атракција во градот. Освен што пушташе млазови вода, таа ги менуваше и боите, а нејзината уникатност особено ги радуваше најмладите кои во вечерните часови шетаа со своите родители во центарот на Скопје

Поврзани

Најнови вести

Коментари