Седумдесет и пет годишен тетовец најден починат во стан

Сосед пријавил дека во станот на улицата „121“ во Тетово, каде живеел 75 годишниот Б.П. неколку дена се ширела непријатна миризба. По пријавата, полицијата во станот пронашла починат маж.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, Јавен обвинител и лекар по судска медицина, при што била пронајдена патна исправа и здравствена книшка од сопственикот на станот Б.П. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари