Се обидел да помине граница со фалсификувани документи, па побарал азил

„Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин – Аеродром „Скопје“ на влез допатувал А.М.(25) од Република Tурција со турска патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е дека горенаведеното лице евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол“, информира МВР.

Откако турската патна исправа и личната карта биле дополнително проверени, било констатирано дека се фалсификувани, а во неговиот багаж била пронајдена друга турска лична карта со податоци на име Т.Т.А.(24).

По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во РМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари