Реконструирани јаслите во градинката Кочо Рацин – клон Бели Мугри

Општина Центар започна со комплетна реконструкција на три занимални за деца од најмала возраст (јасли) во градинката Кочо Рацин, клон Бели Мугри.

Во трите занимални со најсовремени материјали се реконструираат ѕидовите и таваните и се поставува нов паркет, а старите и дотраени врати и прозорци се заменети со нови и поквалитетни. По реконструкцијата на капацитетите, градинката ќе може да прими до 70 дечиња во новите јасли.

Грижата на општина Центар за најмладите ќе продолжи и во наредниот период, со реконструкции во градинките Раде Јовчевски Корчагин и 13-ти Ноември.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари