Приведени тројца Прилепчани поради производство и продажба на наркотици

Ноќеска за време на контрола во угостителски објект на улицата “Македонски гемиџии” во Битола, биле приведени три лица од Прилеп, поради сoмнение дека сториле кривично дело -“Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

При контролата на објектот биле легитимирани 15 лица. Од слобода се лишени лицата Ф.А.(33), Ф.И.(20) и В.И.(28) сите од Прилеп. При контролата кај лицата е пронајдена една најлонска паковка со грутчеста материја која со потврда е одземена од Ф.А. и дадена за вештачење.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари