Советот на Град Скопје ја официјализираше старата традиција

Пресвета Богородица прогласена за заштитничка на Скопје

Вековната традиција и верување на скопјани дека светицата Пресвета Богородица е заштитничка на Скопје, од вчера е официјално е верифицирана. Градските советници, со мнозинство гласови ја поддржаа иницијативата на градончалникот Трифун Костовски и ја прогласија Мајката Божја за заштитничка на метрополата.
- Идејата се темели првенствено на традицијата, но и на желбата на православните жители на Скопје, да имаме постојано молитвено застапништво пред престолот Божји. Ваквата идеја не е нова, бидејќи и во минатото Скопје ја имал прогласено како своја заштитничка. Тоа било поврзано со постоењето на велелепниот храм Рождество на Пресвета Богородица. Храмот бил не само центар на духовниот живот во Скопје, но и на севкупниот културен живот. Пресвета Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за секакви потреби - рече во образложението градоначланикот Трифун Костовски.

Црквата Пресвета Богородица што се наоѓа спроти МАНУ била осквернавена и запалена до темел во Втората светска. Во 2004 година почна нејзиното обновување со истите димензии и со истиот изглед како старата. Денеска е осветена и отворена за верниците. Ктитор на црквата е градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

(Е.А.)


Поврзани

Најнови вести

Коментари