Повторно блокади во Ѓорче Петров (ФОТО)

Револтирани граѓани од Ѓорче Петров бараат надлежните итно да го решат проблемот со улицата „Борис Сарафов" пред училиштето „Мирче Ацев" и да понесат одговорност за сообраќајните несреќи што се случуваат тука.

Во спротивно, тие велат дека секој ден ќе ја блокираат улицата и ќе станат порадикални.

Стотина жители од оваа скопска населба и вчера ја блокираа улицата на која беше прегазено 10-годишно дете кое со тешки повреди беше пренесено во болница. Според последните информации, детето е во стабилна состојба.

фото: Александар Ивановски Република

Поврзани

Најнови вести

Коментари