ЗАРАДИ ОДРЕДЕНИ ЗАФАТИ

Повеќе скопски населени места утре без струја

Прекинот со електрична енергија е заради закажани технички зафати.

Без струја утре од 9 до 13:30 часот ќе останат корисниците од село Бадар, а од 9 до 15 часот корисниците од делови од улиците Злетовска, Пелагонија и Брсјачка Буна.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од зградите бр. 14 и 16 и околината на ул. Струмичка, од 6:30 до 7:30 корисниците од фирмите Јуба, Шенкер, Карагач, Униор и Јоки и патот за Ајватовци и од 9 до 15 часот дел од корисниците од селата Чајлане и Семениште.

Прекинот со електрична енергија е заради закажани технички зафати.

Поврзани

Најнови вести

Коментари